Saturday
20 Apr
7:34
Дојран
Македонија

За нас

Хотел Романтик, синонимот за беспрекорна услуга во хотелско сместување и угостителство ја продолжува својата приказна во Стар Дојран, туристичкиот бисер во Јужна Македонија.

Гордо поставен со поглед на Дојранското Езеро, Хотел Романтик е подготвен да ја чува тајната на непредвидливото езеро за која се врзуваат многу легенди. Една од нив зборува за настанувањето на Дојранското Езеро како резултат на непромислената еуфорија на девојката по име Дојрана која што од возбуда и брзање заборавила да го затвори изворот кога слушнала дека нејзиниот љубен се вратил од војна. Хотел Романтик со својата приказна достојно се надоврзува на историјата испишана со бледо мастило за која недостигаат раскажувачи.


Резервирајте

Хотелот вклучува:


37 луксузно опремени соби

Ресторан со капацитет од 320 седишта

Аперитив бар во амбиент со камин

Сала за состаноци со капацитет од 20 гости

Летна тераса со капацитет од 250 седишта

Базен за релаксирање и забава со 180 седишта


Eмагазин Внесте e-mail адреса и бидете во тек со новостите во хотел Романтик